Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Владата даде согласност на Правилникот за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери на Фондот за иновации и технолошки развој

Владата на вечерашната седница ја разгледа и усвои информацијата и донесе Одлука за давање согласност на Правилникот за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Правилникот за доделување финансиските средства преку Иновациските ваучери сe воведува за прв пат во Република Северна Македонија, а негова основна цел е да ја поттикне соработката помеѓу претпријатијата и академските и научно-истражувачките установи во насока на спроведување иновациски активности, со што претпријатијата ќе ја зголемат својата конкурентност.

Со ваучерите кои ФИТР ќе им ги додели на компаниите кои имаат намера да започнат нови производи, процеси и услуги со иновативна компонента, ќе се надоместуваат трошоците за услуги на академските и научно-истражувачките институции кои за нив ќе изготвуваат истражувања и анализи што ќе го помогнат успешното реализирање на новите процеси.

Можеби ќе ве интересира

КУРСНА ЛИСТА ЗА 5 НОЕМВРИ – Колку денари се 100 евра, долари, фунти и франци?

ДЕСК

ПРЕДЛОГ ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ – Црна Гора бара решение за снабдувањето со пелети

ДЕСК

ЕУ СО НОВА ТУРИСТИЧКА СТРАТЕГИЈА – Поддршка за малите компании и подобро управување со посетителите

ДЕСК