24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Рашела Мизрахи на денот кога ја разрешувале донела серија решенија за кадровски промени – Вечерва Владата ги поништи

На вечерашната седница Владата донесе одлука за поништување на решенијата за кадровски промени и овластувања на екс-министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи донесени на 14 февруари, на денот кога во Собранието на Република Северна Македонија беше покрената постапка за нејзино разрешување.

Мизрахи беше разрешена поради непочитување на Уставот. Нејзиното министерување од еден месец беше проследено со серија скандали како користење службени возила за партиски потреби,го вработи возачот на Диме Спасов кој лажно се претставил во полиција за да преземе вина за сообраќајката на поранешниот министер од ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов на 28 октомври 2016 година. Таа незаконски менуваше директори, а имаше случај кога не сакаше да одговара на новинарски прашања.

Капаче на се’ беше дипломатскиот скандал со Грција, кога таа реши да ја користи таблата со старото уставно име, непочитувајќи го новото, иако даде заклетва како министерка во Влада на Северна Македонија. По ова реагираше Грција со вербална нота до МНР, а за тоа веднаш реагирал до неа и премиерот Оливер Спасовски, по што таа ветила дека ќе се исправи грешката, но на прес конференција подоцна, веројатно поради политички поени рекла дека ќе плати казна, но нема да ја трга таблата.

Мизрахи на собраниска седница во саботата наутро беше разрешена од функцијата како техничка министерка предложена од ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ како што дознава Centar.mk немале намера да предложат друго лице за министер за труд и социјална политика, со што повторно станува неизвесно оддржувањето на парламентарните избори кои требаше да се оддржат на 12-ти април, а собранието да се распушти најдоцна денеска (16.02.2020)

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T

Грковска: Владата презема значајни чекори за отворање на институциите, транспарентноста е важен предуслов за развој и добро владеење

M T

Чешката влада со одлука да ги ограничи цените на струјата и гасот за да ги заштити домаќинствата од раст на цените

M T

Владата ќе ја одржи 79-та седница

M T

СДСМ: Во пресрет на зимата Владата обезбеди храна и електрична енергија за подобри услови

M T