26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се исплашени од Законот за ЈО, нема спас за криминалците во нивните редови

-ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се исплашени од Законот за ЈО, нема спас за криминалците во нивните редови, реагираат од СДСМ на прес- конференција на Димче Арсовски од ВМРО- ДПМНЕ.

„Од нервозните реакции на ВМРО-ДПМНЕ овие денови, како и на пратениците на оваа криминална партија покажува дека извршителот Мицкоски е исплашен од Законот за ЈО, од правдата и одговорноста којашто следи.

Извршителот Мицкоски не успева да ги испорача наредбите на неговиот шеф, избеганиот криминалец Никола Груевски, нема спас за криминалот, секој што се огрешил пред законите ќе одговара.

СДСМ е на страната на правдата, на страната на граѓаните и европската перспектива на земјата.

Законот за јавно обвинителство претставува темел на реформите во правосудството и гарантира неселективна правда и одговорност за сите.

И токму овој закон е гаранција дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница, а постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази.

Скриена амнестија нема да има за никого и секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите во нашата држава.

На 12 април доаѓа уште еден казна од граѓаните за извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ – режим никогаш повеќе!“ – се вели во реакцијата.