Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Падна уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, нема судир на интереси кај номинирањето на Дескоска во Венецијанската комисија

Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски шират лаги и невистини во обид да ги манипулираат граѓаните и да ја прикријат својата неспособност и криминалите, соопшти денеска СДСМ.

„Нема судир на интереси во врска со номинирањето на актуелната министерка за правда Рената Дескоска за претставник во Венециската комисија заклучи Државната агенција за спречување корупција, разгледувајќи ја претставката на ВМРО-ДПМНЕ.

Со номинацијата на Дескоска, која ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како скандалозна, не се прекршени закони и меѓународни прописи во врска со судир на интереси, потврди Државната комисија за спречување на корупцијата.

Нема ништо спорно ниту во постапката за номинација од страна на владата, бидејќи владата за прв пат номинирала претставник во Венецијанската комисија во 2016 година, кога ВМРО-ДПМНЕ ја избра Тања Каракамишева Јовановска.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш покажаа дека не се за почитување на законите, владеење на правото и правната држава, туку ги толкуваат законите како што им одговара, ги манипулираат граѓаните за да си го вратат режимот и да управуваат со сваровски судството.

Граѓаните ја гледаат дволичноста на ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК