Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ја вративме слободата на медиумите

„СДСМ и владата којашто ја предводи успеа да стави крај на насилството врз новинарите и да обезбеди слобода на медиумите.Ова се признава и потврдува и во најновиот извештај на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кој наведува дека од 2018 година Република Северна Македонија се издвојува од другите земји на поранешна Југославија преку намален притисок и гонење на новинарите“, соопшти партијата.

Според СДСМ, во извештајот на Парламентарното собрание на Советот на Европа се нагласува ситуацијата во Северна Македонија во 2017 година, кога новинари беа претепани додека покриваа демонстрации пред парламентот, на над 20 им биле упатени закани или им било попречено известувањето од местото на настанот.

„Сега заложбите на СДСМ за слободни медиуми се потврдуваат. Додека за време на режинот на ВМРО-ДПМНЕ, 11 години не смееше да се зборува, имавме заробени институции и медиуми, затворање и заплашување на новинари, загрозени човекови права, поделби и етнички тензии, денес живееме во слободна држава. Напредокот што го постигнува нашата држава во делот на медиумските слободи јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.Слободата на медиумите за нас е врвен приоритет и ќе продолжиме посветено да ја обезбедуваме на сите нивоа“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – Правилото важи и кога времето е топло

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч И ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР со предупредување

ДЕСК

СИЛНИОТ ВЕТЕР СОЗДАЛ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА – Паднати дрвја и оштетена инфраструктура на важни правци

ДЕСК