Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во сообраќајка загина Благоја Георгиевски – Буштур

Легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур загина синоќа во сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода.

Неофицијално несреќата се случила кај сервисот „Скендеровски“. Легендарниот кошаркар изгубил контрола врз возилото, веројатно поради влажниот коловоз, и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот.

Полицијата го истражува случајот.

Благоја Георгиевски – Буштур е роден на 15 октомври 1950 година во Скопје. Најголемите успеси во кариерата ги остварил со Работнички и репрезентацијата на Југославија.

Со Работнички има играно полуфинале во Купот на победниците на куповите во сезоната 1975/76. Со репрезентацијата на Југославија има сребрени медали од ЕП во 1971 и ОИ во 1976.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНА ВЕСТ: ДОАЃААТ ДВА ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ – Еве уште колку неработни денови преостанаа

ДЕСК

СДСМ: Врв на лицемерие и лажење: Во Влада на Мицкоски со бугарски пасоши може, а малцинства во Уставот не може!

ДЕСК

Малолетник крадел по џамии

ДЕСК