Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Остана уште малку – Кога да очекуваме пари од скенираните сметки

На граѓаните за второто тримесечие од почетокот на мерката поврат на ДДВ ќе им биде исплатен поврат во износ од 233.176.601 денари (3.791.000 евра), информира Управата за јавни приходи (УЈП).

Според податоците на УЈП, скенирани се 28.948.878 фискални сметки, остварен е промет од 14.301.474.854 денари со вкупен ДДВ од 1.554.510.671 денари.

Исплатата за второто тримесечје ќе стартува во февруари 2020 година.

Притоа, од УЈП информираат дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780 денари.

За граѓаните кои во апликацијата МојДДВ внеле погрешна трансакциска сметка и направиле корекција, информираат дека исплатата ќе се случи во понатамошниот период.

Можеби ќе ве интересира

Wizz Air прослави 22 години

ДЕСК

Димитриеска -Кочоска: Обезбедивме најповолни услови за задолжување, наша обврска е да ја задржиме фискалната стабилност и рационално да управуваме со јавните средства

ДЕСК

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК