Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денешниот ксенофобичен испад на наш сограѓанин кон туристите во центарот на Скопје е срам за градот и земјата и е спротивност на се’ што Скопје е

Фејсбук статус на Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје:

Денешниот ксенофобичен испад на наш сограѓанин кон туристите во центарот на Скопје е срам за градот и земјата и е спротивност на се’ што Скопје е – град на солидарноста, космополитизмот и заедништвото.

Го нудам моето најдлабоко извинување во името на сите добронамерни Скопјани. Во Скопје нема да толерираме вакво однесување. Ги повикувам надлежните да поведат истрага за овој инцидент бидејќи остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата.

Драги Скопјани, бидете гостопримливи, почестете ги овие туристи насмевка и отворена душа, ако ги сретнете низ градот.

Не, на ксенофобијата и расизмот. Скопје отворен град. Град за сите !!!

#Скопје

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Декарбонизацијата-конкретен патоказ и дел од нашите обврски кон ЕУ

ДЕСК

УХМР најавува нестабилно време: Викендот носи поројни дождови, грмежи и можни локални невремиња – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

ДЕСК