Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРТЕМА

Очекувајте “свежи пари” – Познато е кога УЈП ќе ја почне втората исплата за Мој ДДВ

Во текот на месец февруари, на трансакциските сметки на граѓаните кои ревносно скенирале сметки во последното тромесечје од 2019 ќе легнат парите од повратот за ДДВ.

Проектот на Владата на Македонија, кој стана своевиден хит кај младите, но и повозрасните жители на земјава ги зголеми и приходите на државата од ДДВ, а со тоа ја притисна сивата економија.

И додека граѓаните и понатаму можат да скенираат сметки, во тек е и големата наградна игра од проектот Мој ДДВ која е во организација на Македонската лотарија, а секојдневно се извлекуваат добитници.

Во овој проект, буквално секој добива,во периодот на првата исплата беа искеширани над 155 милиони денари на 144.000 граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Анализа: Гасниот интерконектор со Грција ќе овозможи поширока употреба на природен гас во државата

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ, МОЖНИ ПРЕКИНИ НА БАНКАРСКИТЕ УСЛУГИ ВИКЕНДОВ – Од понеделник нови стандарди во платниот промет

ДЕСК

ПАМЕТНИТЕ БРОИЛА ВО ФОКУСОТ – ЕВН планира уште 40 милиони евра до крајот на 2030 година

ДЕСК