Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрија камион и автомобил: Три лица тешко повредени на стариот пат Тетово-Скопје

Двајца возачи и еден сопатник се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случила околу 18 часот и 15 минути на стариот пат од Тетово кон Скопје. Тројцата се повредени поради судир на камион и автомобил.

Кај требошки натпатник се судриле товарно моторно возило “мерцедес” со тетовски таблици управуван од Х.А (48) од Голема Речица и патничко возило „опел корса” што го возел М.Б (19) од Сараќино. Двајцата возачи како и сопатникот во опелот Б.С (20) исто од Сараќино добиле тешки телесни повреди.

Тројцата по укажаната помош во тетовската болница поради сериозноста на повредите се однесени на скопските клиники. Извршен е увид од СВР Тетово за да се откријат причините за сообраќајката.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК