Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: За еден ден задолжени сме нови 300 милиони евра

Расипништвото на Зоран Заев и Нина Ангеловска ги чини граѓаните 914 милиони евра за три години, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.

„Зоран Заев и Нина Ангеловска во само еден ден ја задолжија државата за нови 300 милиони евра. Со што вкупната сума за која ја задолжиле државата скокна на 914 милиони евра. Долгот порасна, а инвестиции нула. За цели 10 месеци од годинава власта реализирала само 40 проценти од предвидените капитални инвестиции, односно 36 отсто да не го направеа ребалансот“, нагласи ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Од опозициската партија додаваат дека капитални инвестиции немало ниту лани, ниту годината пред тоа, но задолжувања имало.

„Вкупниот долг на Македонија со Заев како премиер стигна фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.
Нема инвестиции, но има криминални тендери и партиски вработувања. Милионите земени на заем не се трошат за граѓаните, туку за партиската врхушка на СДСМ и луѓето покрај нив. Расипништвото мора да запре. По 12 април ќе следува одговорност за секој денар потрошен од народната каса, потрошен на сомнителен начин“, додава опозициската партија.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК

Полицијата упадна во кафичи, кафеани и ноќни клубови во Скопје – на три места се точело алкохол на малолетници

ДЕСК

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово

ДЕСК