Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.

„Апелациониот суд Скопје на 4.12.2019 година, постапувајќи по жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски, изјавена преку бранителот адвокат Сашко Дукоски од Скопје, против решението на првостепениот суд од 20.11.2019 година, со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и нејзина замена со други поблаги мерки за обезбедување присуство на обвинетиот Бојан Јовановски во текот на постпаката, по разгледување на списите во предметот, одлучи изјавената жалба да ја отфрли како недозволена во согласност со одредбата од чл. 172, став, 2 точка 5 од Законот за кривичната постапка во врска со став 1 од истиот член од Законот, во согласност со која, против решението на Советот, со кое се одбива предлогот за определување или укинување на притворот, не е дозволена посебна жалба“, се вели во соопштението од Апелациониот суд во Скопје.

Oттука додаваат дека образложението на причините за ваквата одлука дополнително ќе биде објавено.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +