Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Министерот Филипче: Врз основа на многу детални анализи се правеше ослободувањето од квотите

Укинувањето на квотите и контролата во издавањето лекови во некои региони придонесе за намалување на потрошувачката на лекови дури за 30%, рече министерот за здравство Венко Филипче на емисијата Детектор на тв Сител.

Ова е една од реформите во фармацевтскиот сектор што дадоа големи резултати.

“Пациентите заслужуваат да имаат лесен пристап до лекови, а укинувањето на квотите за лекови на рецепт овозможи полесен и сигурен пристап до лекови. Со контролата во издавањето на лековите, се постигна намалување на потрошувачката на лекови дури и до 30% во некои региони. Во фармацевтскиот сектор се направија големи реформи, а новите квоти за лекови е една од нив, граѓаните имаат лекови во кој било ден од месецот, сите лекови се со сертификат”, појасни Филипче.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +