Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ЖЕШТИНИТЕ ЌЕ УДРАТ СО ПОЛНА СИЛА: Најтопло за викендот и следната седмица

Под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде за време на викендот и во текот на следната работна седмица кога дневната температура наместа ќе надмине 40 степени.

Прогноза за 31.07.2026
Минимална температура: 11°C до 23°C
Максимална температура: 32°C до 39°C

Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 01.08.2026
Минимална температура: 10°C до 22°C
Максимална температура: 33°C до 39°C

Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер.

Прогноза за 02.08.2026
Минимална температура: 12°C до 23°C
Максимална температура: 33°C до 40°C

Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.