8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче – Капацитетот со возила во Итната медицинска помош во Скопје е дуплиран

“Итната помош е еден од сегментите кои најмногу ги зајакнавме во изминативе 2 години”, рече Министерот за здравство, Венко Филипче при гостувањето на дебатната емисија Детектор на ТВ Сител. Како што тој изнесе, во овој период примени се 84 доктори и околу четириесетина од нив распределени се токму во Итната медицинска помош соодветно на потребите, во Скопје и во другите градови. Покрај нововработените доктори, за Брзата помош набавени се и 12 нови возила, а уште 7 ќе следат. Со овие инвестиции, министерот рече дека значително се зголемуваат капацитетите на Итната помош.

“Со зголемување на кадарот и новиот возен парк значително е скратено времето на чекање, до 7 минути во Скопје, а 12 до 13 надвор од Скопје. Итната помош е брза и ефективна услуга за потребите на граѓаните така што наспроти ширењето лажни вести од страна на ВМРО ДПМНЕ дека Итната помош не била ефективна при интервенција, овие бројки и факти кажуваат дека Итната медицинска помош во македонското здравство ги зголемува капацитетите да излезе пресрет на секоја ситуација”, изјави министерот Венко Филипче во неговото гостување во ТВ емисијата Детектор на ТВ Сител.