Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

КРИПТО СОНИШТА, ВИСТИНСКИ КОШМАР: Двајца млади скопјани измамени за повеќе од 2,3 милиони денари

На 28.07.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник, двајцата од скопско, пријавиле дека биле измамени од лице за сума од 923.000 денари и 1.390.000 денари.

Според пријавеното, лицето ги убедило да инвестираат пари во крипто валути. Парите ги уплаќале во менувачница, по што им биле праќани известувања по меил дека парите се уплатени.

Откако решиле да ги подигнат парите и добивката, на 24-годишникот му било кажано дека не може без согласност, додека на 20-годишникот дека мејловите се невистинити, по што и двајцата сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.