Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Костадинов: Лажни се изјавите на Мицкоски, каде во Италија и Германија магистрирал и докторирал?

Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ – интегрален текст

Не престанува лажењето на Христијан Мицкоски, извртувањето на вистината и немањето конкретен став за било која тема.

Наместо да со спинови, како што тоа го прави Мицкоски, ние ќе зборуваме со факти.

Факт број 1: Мицковки на средбата со премиерот Борисов вели децидидно: Јас сум човек кој што бил стипендист на италијанска влада сум поминал таму магистратурата и докторат во Германија стипендист на геманска влада. Така што мислам дека тука немаме никаква дилема.

Иако изјавата е половина на бугарски половина на македонски повеќе е од јасно дека го гледа во очи премиерот Борисов и го лаже.

Факт број 2: Христијан Мицкоски кој дипломирал, магистрирал и доктрорирал на Машинскиот факултет во Скопје, а потоа му станал и асистент на својот татко, вели дека магистрирал и докторирал во Италија и Германија како стипендист на двете пријателски земји.

Го повикуваме јавно Мицкоски да каже каде дипломирал, магистрирал и докторирал и да објасни под кои услови и со кое знаење.

Факт број 3: Мицкоски откако беше фатен безочно да лаже во ретерираше како по обичај и се обиде да спинува и да каже дека бил во Италија и Германија на студиски престој.

Да го потсетиме Мицкоски дека во ниту еден дел од неговата биографија нема наведен кога, каде, и како чиј стипендист бил на студиски престој. Со исклучок на штурите информации дека работел на некакви заеднички студентски проекти, нема никаков друг податок.

Го прашуваме повторно Мицкоски, каде и под кои услови дипломираше, магистрираше и докторираше?

Мицкоски уште еднаш, по којзнае кој пат покажа дека е неискрен и нечесн политичар кон граѓаните. Мицскоски, ги научил лекциите од неговиот ментор, Никола Груевски, секојдневно е со нова лага.

Се што знае Мицкоски се лажни вести, деструкција и неодговорно однесување.

Можеби ќе ве интересира

Важна информација: Студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година

ДЕСК

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да избрише балансерот, Законот за правична застапеност од оваа влада доби позитивна препорака од Венецијанска комисија

ДЕСК

Мицкоски до Филипче: Катаклизма е комплимент за тоа што вие го оставивте како влада во енергетскиот сектор, но затоа позади себе оставивте стотици милионери политички профитери

ДЕСК