Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Костадин Костадинов со уникатен потег ги “реши” вмровците во Струмицa

-Во предизборен занос УМС на ДПМНЕ Струмица решиле да се впуштат во шиканирање на се што е добро.

Како одговорен пред се струмичанец решив да проверам каква е ситуацијата.

Имено, јасно се гледа дека улицата е изгребана и спремна за асфалтирање, кое ќе се случи многу брзо од страна на ЈПДП.

Во однос на собирањето на вода на ова место се во право, иако не морало да фрлат трски, можеле да ми се јават лично мене.
Јас сум човек кој комуницира со сите и со членови на вмро-дпмне и со СДСМ и со неопределени…

Лично ќе вложам во потопна пумпа и во црево кое ќе води до најблиската шахта или до река Тркања за да конечно го решиме овој проблем.

Добро е што алармираат оти само така ќе ги решаваме во од проблемите кои се појавуваат.

Сепак еве уште една прилика да до сите граѓани им потенцирам дека им стојам на располагање, дури и на младите од УМС.

Заедно ако сакаме можеме да смениме многу работи, за жал вашиот Мицкоски тешко го разбира ова, порача пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов, кој доаѓа од Струмица, а своевремено беше и вршител на должноста Градоначалник.

Можеби ќе ве интересира

МОПЕД ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И УДРИЛ ВО ДРВО: Осумнаесетгодишник тешко повреден во валандовско

ДЕСК

СДСМ: Распишете референдум, граѓаните да одлучат за иднината на земјата

ДЕСК

Пратеничката Лукаревска на настани на ПССЕ во Атина посветени на човековите права и инклузијата

ДЕСК