12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Истечената вода од базенот е уредно складирана во безбедни АДР буриња и подготвена за транспорт и согорување

Компанијата “Екоцентар 97” дооел Скопје беше избрана како најповолен понудувач на тендерот “Изведување на услугата за отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС – во стечај” со Решение донесено од Основен Суд 2 на 12.10.2018. Проектот опфаќа третман на 11 различни видови на опасен отпад кои беа лоцирани во кругот на фабриката АД ОХИС – во стечај, без никаков надзор, складирани во дотрајани и оштетени садови повеќе од 20 години. Бидејќи ова е прв проект од ваков тип во Република С. Македонија, “Екоцентар 97“ склучи договор со странски подизведувач кој има искуство и дозвола за третман, складирање и транспорт на овој тип опасен отпад. Овој договор беше вклучен во тендерската документација. Воедно, беше ангажирана и консултантска куќа “Еко Мозаик“ дооел Скопје за стручна помош при подготовка на техничка документација поврзана со животна средина и безбедност и здравје при работа, одобрен на 07.06.2019 година, по што се издаде Решение за постапување по Елаборат за животна средина, кој меѓу другото, вклучува точни протоколи за изведба на работите и постапување во вонредни состојби.

Почнувајќи од јуни, а заклучно со август, 2019 година, сите отпадни опасни хемикалии беа безбедно преточени, препакувани во нова АДР амбалажа и складирани во специјален магацин во кој е инсталиран систем за ладење и одржување на температура.

За времетраење на целата постапка на преточување на хемикалиите, од страна на Државниот инспекторат за животна средина на терен беа присутни Инспектори кои вршеа увид и за истото изготвија Записник од извршен инспекциски надзор на ден 26.08.2019 година. Беше утврдено дека хемикалиите се преточени во соодветни АДР буриња и истите се складирани во магацин каде што постојано се следи температурата и се мерат гасови – за што се води извештај на дневна основа. За магацинот, “Екоцентар 97“ дооел Скопје обезбеди дополнително разладување – во случај на премногу високи температури, истиот да се одржува ладен. АДР бурињата се подготвени за утовар и извоз во инсенератор (согорувач) во Швајцарија, каде ќе бидат уништени, сѐ според Базелската Конвенција.

Магацинот во кој се складирани хемикалиите е под постојан, дваесет и четири часовен (24/7) надзор од физичко обезбедување ангажирано од страна на “Екоцентар 97“, со цел да се спречи пристап од страна на неовластени лица.

Според протоколот за работа утврден со Договорот, празните цистерни во кои беа складирани хемикалиите, а во моментов се празни, не се предмет на надзор.
На 07.11.2019, цистерната во која што претходно бил складиран Метил Акрилат Мономер е наполнети со вода со цел да се исперат и да се отстранат остатоци од хемикалиите и истата да станат неопасен отпад. При полнењето на цистерната не е забележано течење или неисправност. Во текот на ноќта, едниот вентил попуштил и дошло до истекување на вода со остатоци од Метил Акрилат Мономер во безбедносни бетонски базени – танквани. Водата се задржала во самите базени и нема истекување во почвата и подземните води.

Веднаш по пријавување на инцидентот, согласно процедурите, водата е собрана во АДР буриња и истата е подготвена за транспорт и согорување.

Согласно Протоколот за справување со вонредни ситуации повикани се екипи од страна на Генерал Штаб на АРМ и Дирекција за Заштита и Спасување, надлежни за ваков вид ситуации во кои треба да се утврди степенот на опасност. Според процедурата, екипите извршија мерења на воздухот, а во континуитет ја следат ситуацијата на терен. Дополнително, извршени се и мерења од страна на лабораторијата „АМБИКОН” при универзитетот “Гоце Делчев” од Штип. Се очекуваат резултатите од направените мерења, по што ќе се пристапи согласно законските прописи.

Од страна на компанијата “Екоцентар 97“ дооел Скопје континуирано се следи ситуацијата, директно на терен. Од расположливите информации, досега нема пријавено граѓани кај кои се увидени здравствени проблеми причинети од настанатата ситуација.

Спонзорирано: