11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сугарески: Градежништвото не познава утки како на автопатот Охрид-Кичево

По обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека владата намерно ја кочи изградбата на автопатот Кичево-Охрид, министерот за транспорт и врски Сугарески вели дека промашувањата биле катастрофални

Дали владата ги преувеличила проблемите во изградбата на автопатот Кичево-Охрид? Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели „да“. Ресорниот министер Горан Сугарески за Дојче веле оценува дека „градежништвото не познава такви утки“.

„Откако ги направивме сите анализи, сите стручни лица укажаа дека постои голема несуогласеност меѓу проектот и состојбата на терен за што моравме да реагираме за да ги заштитиме националните интереси“, вели Сугарески за ДВ.

„Ве уверувам дека градежништвото не познава вакви утки како што се направени со автопатот Кичево-Охрид. Не само што е утната трасата,
замислете таа минува над резервоарот со вода од каде што се снабдуваат Кичевчани. Постои огромна неусогласеност и помеѓу проектната документација и состојбата на терен.“
Сугарески наведува дека во проектот не била планирана ниту една клучка за излез од автопатот, па морала да се направи комплетно нова проектна документација за 9 клучки. Немало ни проекти за алтернативни патишта, па морало да се прави нов проект за изградба на патишта за населените места кои гравитираат на автопатот. „Дополнително наидовме и на огромни проблеми во изградбата на тунелот бидејќи во проектот е дефинирана втора категорија на земјиштето, но на терен состојбата е поинаква.“

Спонзорирано: