11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николиќ на трибина во Македонски Брод: Одбраната 11 години беше маргинализирана, денес инвестираме во Армијата и НАТО тоа го препознава

Секторот одбрана, во периодоот од 2006 до 2017 година беше маргинализиран и запоставен, а сега посветено работиме на првата и стратешка цел на нашата држава и со гордост можам да истакнаме дека наскоро нашето знаме ќе се вее пред седиштето на НАТО во Брисел, истакна претседателот на комисијата за одбрана на СДСМ Драган Николиќ на граѓанската трибина во Македонски Брод.

Досега двапати ги покачивме платите во одбраната што е покачување од 16 отсто или во просек околу 3.000 денари повеќе отколку на почетокот на мандатот. Ги зголемивме примањата за професионалните војници во мисиите надвор од државата, за околу 750 евра, посочи Николиќ

Тој додаде дека досега никој сериозно не се зафати со решавање на станбено прашање, а сега за секој припадник на Армијата или за вкупно околу 6.000 припадници на Армијата обезбеден е надоместок од 7.000 денари за закупнина или отплата на кредит.

Посветено работиме на решевање на стаусот на професионални војници над 45 години и првата група од 97 војници над 45 години ја стартуваат втора кариера во затворската полиција и на тој начин трајно се решава ова прашање, истакна претседателот на комисијата за одбрана на СДСМ Драган Николиќ.

Спонзорирано: