Комплементарните економски политики на Владата со кои се овозможува силна поддршка на компаниите во земјата за побрз технолошки развој, имплементирање на иновации, зголемена конкурентност на пазарите и повисока продуктивност, како и отворање на нови, подобро платени работни места продолжуваат да даваат добри резултати, соопшти Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев.
Последна информација со која се потврдува стабилниот и одржлив економски раст на земјата е денешниот извештај за индустриско производство, објавен од Државниот завод за статистика, во кој е нотиран раст на индустриското производство од 6,1% во месец септември 2019 година, во однос на истиот месец во 2018 година. Индустриското производство, пак, во периодот јануари-септември 2019 година, во однос на истиот период лани, кумулативно бележи раст од 5,6%, а со оглед на фактот дека индустријата е еден од клучните столбови за раст на економијата, очекуваме значителен раст на БДП и во третиот квартал на 2019 година.
„Гледано по индустриски дејности, во согласност со извештајот на ДЗС, најголем раст е забележан во индустријата за производство на тутунски производи од 512,9%, потоа поправка и инсталирање на машини од 74,3%, по што следува произвoдството на останата опрема за транспорт од 67,3% производството на фабрикувани метални прoизводи од 64,5% и снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизaција од 32,2%. Раст е забележан и кај производството на пијалаци (13,3%) и производствотo на прехранбени производи (13,1%), производство на хартија и производи од хартија (14,2%) и производството на текстил (10,1%).
Владата останува посветена на имплементација на економските политики, програми и мерки за модернизација на инудстријата, за повисока продуктивности и конкурентност, со цел побрз и одржлив економски раст и повисок животен стандард на граѓаните“, се додава во соопштението.