Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев: Преспанскиот договор е имотен лист за нашата земја

Ќе го спроведеме Преспанскиот договор до крај, а тоа го очекуваме и од грчката страна, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во Владата.

Тој го опиша договорот како имотен лист, кој ја гарантира нашата теритријална сувереност и интегритет.

„Дефинитвно одиме со имплеметација на Договорот од Преспа. Во него се вградени поглавјата. Успешно ги завршуваме забелешките кои стигнаа од грчка страна, а и сами ги увидовме. Очекуваме и грчката страна да направи конкретни чекори, како промена на таблите“, рече Заев.

Премиерот додаде дека промената на името се применува секаде, а опозицијата која не го користи новото име, со тоа испраќа порака дека не го почитува Уставот.

Заев на прес-конференцијата негираше дека до Владата стигнала покана за приклучување во Евроазиската унија и рече дека Европската унија е единствената опција.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК