Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не била донесена одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.
Туск рече дека дебатата околу проширувањето била тешка, но и покрај јасната препорака од Европската комисија, не бил постигнат потребниот консензус.
„Јас верувам дека одлуката беше погрешна и отворено и директно им го кажав тоа на лидерите. Се надевам дека лидерите ќе се навратат на ова прашање пред Самитот во Загреб, во мај идната година“, рече Туск.
На седницата на ЕП се очекува повторно да се искаже поддршка за почеток на преговорите на Скопје и Атина со ЕУ. Истотака, ќе стане збор и за заклучоците на Советот на ЕУ за брегзит и за воената операција на Турција./Makfax