Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Костова: Власта не планира ништо во врска со Европа

Осврнувајќи се на процесот на евроинтеграциите, потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова во интервју за Рацин.мк оценува дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема јасен план за продолжување на европскиот пат

„Во ваков општествено-политички контекст, власта на ДПМНЕ дозволи и Албанија да не претрка на европскиот пат. Калкулациите и постојаните промени на ставовите на Мицкоски и ДПМНЕ создаваат сериозни сомнежи за нивната искреност и за постоењето јасен план за евроинтеграциите“ смета Костова

Таа додава дека потребна е власт која вистински ќе се грижи за подобрување на животниот стандард на сите граѓани, а не само како што вели, за привилегиите на неколкутемина големци блиски до ДПМНЕ.

„Потребна ни е власт која ќе ја извади Македонија од изолационистичките канџи на дестабилизирачките сили“ порача Костова.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +