Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше денеска објавен на соцјалните мрежи, а се однесува на прегласувањето на локалните избори во кои победата во Центар ја понесе Андреј Жерновски, како претставник на тогашната опозиција.

„’Бомбава’ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013. Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти!“, вели Шекеринска.

На снимката таа разговара со тогашниот вицепремиер во Владата на Никола Груевски, Фатмир Бесими, кому му вели дека ако има прегласување секаде каде што во прв круг победува опозицијата, тоа ќе го загрози извештајот за Македонија. Таа од соговорникот бара членот од ДУИ, Субхи Јакупи, „принципиелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово“.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +