Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Смилеска: Мерките и реформите на СДСМ го зголемија кредитниот рејтинг за прв пат по 13 години

Подобрените стандарди на владеење и имплементацијата на мерките и реформите што оваа влада ги спороведува ја зголемија довербата дека земјата нема да се врати на политичките и економските предизвици, со кои се соочуваше од 2012 до 2015 година.

Ова денеска на собраниската седница посветена на ребалансот на буџетот, го истакна пратеничката на СДСМ Кети Смилеска, цитирајќи го извештајот на меѓународната агенција Фич за Република Северна Македонија.

Фич го зголеми кредитниот рејтинг на нашата земја за прв пат по 13 години и тоа од ББ на ББ+, односно стабилен изглед, што влијае врз одлуките на инвеститорите, но и за повисок економски раст, за повисок извоз, повеќе вработувања, повисоки плати, односно подобар животен стандард на граѓаните, истакна пратеничката на СДСМ Кети Смилеска.