14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Лазаревска: Платите на социјалните работници растат за 22%, реализацијата на капиталните инвестиции во труд и социјална политика е 91%

Со скратување во ребалансот на буџетот во 2019 година во споредба со реализираните проекти, во завршната сметка од буџетот во 2016 година ралзиката е во позитива – 4 милијарди денари, истакна пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска на денешната седница на собранието, на која беше усвоен ребалансот на буџетот за 2019 година.

Драги пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, треба да и се заблагодарите на Владата на СДСМ за грижата за социјалните работници. Владата ги зголеми платите на социјалните работници за 22%. Непобитен факт е дека дури 91% од капиталните инвестиции во областа на труд и социјала се реализирани, порача Лазаревска обраќајќи им се на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Само доколку се направи споредба од реализираните проекти на завршната сметка во 2016 година на контото на труд и социјална политика, разликата со ребалансот во 2019 година е 15 милијарди и 700 милиони денари во позитива на оваа политичка власт.

Во Визбегово е изграден привремен објект за сместување на 83 лица за кој вие ги лажевте граѓаните дека тоа ќе биде центар за мигранти. Воедно, опремени се уште 25 дневни центри ширум државата, додаде Лазаревска.