11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шилегов на ФБ: Се демонтира објектот на кровот на ГТЦ, наскоро таму ќе биде посадено зеленило

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска на Фејсбук објави дека донесена е одлука за демонтажа на времениот објект на кровот на ГТЦ.

-Би сакал да ја информирам јавноста дека Град Скопје денес донесе одлука за демонтажа на времениот објект на кровот на ГТЦ, а тоа подразбира демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот.
По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Сепак, земени се во предвид општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата “Го Сакам ГТЦ”, од утре и официјално започнуваме со демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ.

Работата на останатиот дел од кровот е во полн ек, во текот на следната недела започнуваме со поставување на земјената подлога и во текот на месецов ќе можеме да го видиме поставувањето на првото зеленило, напиша Шилегов на Фејсбук.

Спонзорирано: