4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Наумовска: Ги унапредуваме ученичкиот и студентскиот стандард, ги реновираме домовите за престој на студенти, на прав пат сме

На прав пат сме. Владата предводена од СДСМ инвестира во подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард и овозможува подобри услови за младите, рече Елизабета Наумовска, претседателка на Комисија за образование на СДСМ.

– Потврда за тоа е официјалните податоци.

Во 2017 година се инвестирани 77,5 милиони денари за проекти, реконструкција и надзор на Студентиот дом Гоце Делчев, блоковите В и Г. Инвестирани се и 100 милиони денари за мебел во студентските домови (освен блоковите В и Г во Гоце Делчев) и 11 милиони денари за 50 перални и 50 сушални во студентските домови кои се бесплатни за студентите.

Во 2018 година се обезбедени дополнителни 98,7 милиони денари за продолжување на градежните активности во Студентскиот дом Гоце Делчев, блок В и Г и започна со изградба на комплекс на ДУТ. Во истата година се инвестирани и 50 милиони денари за набавка на мебел во сите ученички домови.

Во оваа 2019 година доделени се уште 43,7 милиони евра за продолжување за изградба на комплекс ДУТ и надзор за Студентскиот дом Гоце Делчев, блок В и Г, воедно одделени се и 20 милиони денари за набавка на мебел за блоковите В и Г во студентскиот дом Гоце Делчев.

И додека во минатото ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше државните институции правејќи криминал, СДСМ докажува дека се грижи за младите и нивната иднина во државата.

Само во изминатите 3 години, исплатени се 220,6 милиони денари за долговите на Студентските домови, најголем долг имаше ДСД Скопје, чијшто долг изнесуваше над 250 милиони денари.

Во тек е јавна набавка за Техничка документација за реконструкција на зградите 1 и 2 на Стив Наумов по која веднаш ќе се започне со темелно реновирање. Воедно тече и постапката за јавна набавка за партерно уредување на Гоце Делчев која изнесува 12 милиони денари.

На почетокот на 2019 година решивме уште еден долгогодишен проблем. По примерот на Законот за студентски стандард го изменивме Законот за ученички стандард со што за првпат овозможивме Министерството може да додели средства на ученичките домови за трошоци за тековно работење во однос на режии за греење, електрична енергија, потрошена вода, за потребите на ученичкиот дом.

Во студентските и ученичките домови вкупно се сместени околу 8.000 студенти и ученици. Во ученичките домови учениците се целосно ослободени од плаќање на партиципација, додека во студентските домови МОН покрива 50% од вкупната сума.

На прав пат сме! Како одговорна партија остануваме постветени на градење квалитетни младински политики што го подобруваат животниот стандард на младите и отвораат шанси тие да останат тука, рече Наумовска.