Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ распали по Мицкоски: Христијан Мицковски освен за обнова на криминалот ништо друго не нуди

Соопштение за јавност на СДСМ – реакција на изнесените ставови на Христијан Мицкоски:

Христијан Мицковски освен за обнова на криминалот ништо друго не нуди

Кај ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски ништо не се променило, а партијата се води по деструктивните политики на Груевски и во одбрана на криминалот.

„Обновата“ за која зборува Мицковски е само лажен параван зад кој се кријат деструкцијата и одбраната на криминалците и криминалот.

Со поразената на избори Гордана Сиљановска која јавно кажа дека се залага за откажување од Договорот од Преспа и дека е против соработката со граѓаните Албанци во државата.Со Игор Дурловски која наводно треба да ја обновува државата а значи најава на соништата од минатото за погазување на парламентарната демократија во земјата.

ВМРО-ДПМНЕ со ова раководство нема ниту визија, ниту посакува сигурна иднина за својата земја. ВМРО-ДПМНЕ со ова раководство е завршена приказна,се додека ги поддржува криминалните политики и инструкции од Будимпешта.

Ако Мицкоски расчисти со криминалците во своите редови, наместо да ги штити, и им се извини на граѓаните за грабежот од неговата партија, тогаш новите политики ќе бидат сфатени сериозно и ќе бидат вистинска опозиција.

Можеби ќе ве интересира

Ако вечерва се наоѓате на патиштата во Македонија, внимавајте на овие критични сообраќајни правци поради одрони, излевање на реки, снег…

ДЕСК

(ФОТО, ВИДЕО) Тешка ноќ за преспани – Се излеа Голема Река кај Ресен, поплави и во неколку села

ДЕСК

Почнаа врнежите на снег вечерва во делови од Македонија

ДЕСК