13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКАТЕХНОЛОГИЈА

(Видео) Научници надградија робот: Пред неколку години едвај одеше, а сега вежба гимнастика

Хуманоидниот робот изработен од компанијата „Бостон динамикс“ пред три години едвај одел, а сега вежба гимнастика, пренесе „Вашингтон пост“.

На јутјуб-каналот на „Бостон Динамикс“ е објавено видео од роботот Атлас, кој изведува сложени акробатски потфати.

Атлас за релативно краток временски период успеал да достигне ниво на професионален спортист, а во видеото покажува сет на вештини кои би се очекувале од човек кој тренира подолг период од својот живот.

Во овој случај, Атлас го користи целото тело, нозете, рацете, до мускулите на торзото за да изведе комплексни движења.

Инженерите кои стојат зад овој потфат велат дека користеле нов метод за развој на движењата кај роботот.

Тие користеле алгоритми кои ги претвораат дадените вежби во груби описи на изведените движења.

Потоа Атлас ги проучува ваквите движења и ги претвора во свои вежби, со употреба на нов контролер за предвидување, така што од движењата креира една континуирана вежба.

Од компанијата велат дека успехот во изведувањето на овие елементи е околу 80%.

Спонзорирано: