Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Марш за иднината утре во Скопје

Првиот Марш за иднината ќе се одржи утре, 27 септември, со почеток во 13 часот пред Министерството за животна средина во Скопје, во организација на движењето за климатска правда Fridays For Future Skopje.

„Со овој историски настан ќе заврши македонското издание на глобалната Недела за иднината, која почна минатиот петок со протест пред Владата, а во текот на оваа недела вклучи голем број акции чија цел беше потенцирање на катастрофалната ситуација со животната средина во државава“, вели Иво Босилков од Fridays For Future Skopje.

Одвивајќи се исклучиво по тротоарите, со цел да не придонесе за дополнителни емисии на јаглерод диоксид, маршот ќе помине покрај Собранието и ќе заврши кај Владата со уште едно потсетување на барањата на климатското движење.

Маршот е поддржан од О2 коалиција, Не биди ѓубре, Движење за чист воздух, Спас за Водно и уште неколку други организации, со што локалната екосфера за првпат излегува обединета под една кауза.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

ДЕСК

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

ДЕСК

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

ДЕСК