Италија подготвува нови ограничувања за користењето социјални мрежи од страна на најмладите. Според предложените мерки, на децата помлади од 13 години би им бил забранет пристапот до одредени платформи, со цел подобра заштита од несоодветна содржина и дигитални ризици.
Предлогот е дел од измените во законската регулатива за безбедност и моментално се разгледува во италијанскиот парламент. Се очекува расправата да продолжи до крајот на годината, кога би можело да биде донесено конечно решение.
Италија се приклучува на сè поголем број држави што разгледуваат ограничувања за малолетниците на интернет. Конкретните правила за проверка на возраста и обврските на платформите допрва треба да бидат утврдени.


