Centar.mk
ЛОКАЛНО

Акција за генерално чистење на Општина Чаир

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ денеска почнаа есенска акција за генерално чистење на општината Чаир. Во оваа акција рачно и машински ќе се мијат и метат главните и сервисните улици, ќе се отстрануваат дивите депонии, а ќе се чистат и дворовите на сите образовни институции во оваа скопска општина.

Почетокот на акцијата за чистење на општината Чаир го означија директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, заменик-градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи, градоначалникот на општината Чаир, Висар Ганиу и познатиот олимписки шампион во борење – Шабан Трстена, со посета на ООУ „Цветан Димов“, каде што беше организирана екоманифестација и предавање за совесното и правилно постапување со отпадот.

-Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ денеска организира активности за чистење на дворовите на основните и средните училишта, како и на дворовите на градинките во општината Чаир. На овој начин, сакаме да ја подигнеме еколошката свест кај најмладата популација, дека хигиената и чистотата зависат од сите нас. Секој со своите постапки може да придонесе за заштита на животната средина, а најдобрата почетна точка е чистењето и одржувањето на хигиената во својот двор и непосредната околина каде што живееме, учиме и работиме – изјави директорот Шабани.

Можеби ќе ве интересира

Широк Сокак добива семафор: Мал сообраќаен потег, голема промена за центарот на Битола

ДЕСК

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК