Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Апсење на фудбалскиот меч во Третата македонска фудбалска лига- се настанало поради одлуката на судиите

Незадоволен од судењето на судиите на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Сатеска од село Волино и ФК Црно буки од Битола, маж влетал на теренот за да ги нападне судиите, потврдуват од МВР.

-Синоќа околу 17.05 ч. поради незадоволство од одлука на судиите З. Т. (47) од. с.Волино влегол на теренот да ги нападне.

Полициски службеници интервенирале и при превземање на мерки за приведување на З.Т, тој пружил отпор, а полициските службеници во извршувањето на службени дејства (при приведувањето на игралиштето и потоа и при транспорт на приведените) биле попречувани од Т.Н. (50) , К. Н. (21) , С.Б. (37) Д.С. (24) Б.А. (36) , Н.С. (27), М.А. (59) од сите од село Волино се приведени во ПС Охрид- соопштуваат од МВР.

Во попречувањето учествувале и Г.Д., А.В. и Ѓ.И. за кои се преземаат мерки за пронаоѓање.

Известен е јавен обвинител и против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +