Како да се збогатите? Сите луѓе кои во тоа успеале благодарение на самостојна работа и иницијатива – некои поважни работи ги прават поинаку од останатите. Богаташот Т. Хар Екер, автор на книгата „Како размислуваат милионерите“, објаснува што би можеле да научиме од побогатите и поуспешните од нас. Тврди дека вештината богатење може да се научи и совлада.
Во склад со тоа, истакнува дека ниту еден милионер не е роден со „милионерски начин на размислување“, туку дека тоа го учи и развива со години, што е одлична вест за оние кои сакаат да тргнат по тој пат.
Ви претставуваме 11 совети од бестселерот на Екер:
1. Контролирање на успехот
– Богатите луѓе веруваат дека сами го креираат својот живот, додека „обичните“ луѓе мислат дека животот едноставно им се случува, вели Екер.
Основниот совет е дека морате да имате контрола над своите финансии.
– Морате да верувате дека вие сте тој кој создава успех, дека вие сте тој кој ја создава својата просечност, а дека вие сте единствен кој може да создаде сопствен успех и пари. Било да сте свесни за тоа или не, одговорноста над сопствените животи е само ваша. Не обвинувајте никого, пишува авторот.
2. Очекување големи работи
Ако не вие, кој ќе го направи тоа наместо вас? Големите очекувања и големите акции доведуваат до успех и големи пари. Повеќето луѓе се скромни, пред се` поради страв, од смрт, од неуспех, но и од успех. Луѓето се чувствуваат недоволно важни, мали, небитни, а милионерите не дозволуваат такви мисли, објаснува тој.
3. Посветеност на богатството
Наместо да посакуваат да бидат богати, милионерите се посветуваат на стекнување на богатство. Разбирате?
– Богатите луѓе се фокусирани на храброст, знаење, стручност, даваат 100 отсто труд и ги негуваат „богатите“ мисли. Ако наместо на богатство сте фокусирани на сиромаштија и имате желба да бидете богати, немате шанса, променете го начинот на размислување, пишува авторот.
– Освен тоа, една од причините зошто луѓето не го добиваат она што го сакаат, е што тие всушност не знаат што сакаат. Богатите луѓе се непоколебливи, не се откажуваат. Одредуваат цел и ќе направат се` за да ја остварат, пишува Екер.
4. Фокусирање на шансите и можностите
Наместо да се фокусира на препреките како што повеќето луѓе имаат тенденција да прават, богатиот човек се фокусира на искористување на можностите.
– Богатите луѓе гледаат потенцијален раст. Сиромашните луѓе гледаат потенцијална загуба. Богатите луѓе се фокусираат на наградите. Сиромашните луѓе се фокусираат на ризикот, истакнува авторот.
5. Да се игра на победа
Додека богатите луѓе играат на победа, обичните луѓе играат да не изгубат, вели Екер.
– Целта на богатите луѓе е да направат огромно богатство и изобилство. Не само да стекнат малку пари, туку многу пари. Ако за цел имаат преживување, многу е веројатно дека само тоа и ќе го добијат, вели Екер.
Како што додава, ако вашата намера е да имате доволно за да ги платите сметките, само тоа и ќе го добиете – точна сума за плаќање на сметките. Ниту цент повеќе.
6. Дружење со богати
Ова нема врска со статусниот симбол, туку со начинот на размислување.
– Успешните луѓе гледаат на другите успешни луѓе како на средство за мотивација, пишува Екер и додава:
– Тие во другите богаташи гледаат модел за учење. Тие се водат од идејата: „Ако тие можат, можам и јас“.
Наместо да бидат љубоморни на другите луѓе, тие се благодарни за нив, бидејќи им даваат пример како да дојдат до богатство.
– Најбрзиот и најлесен начин да создадете богатство е да научите што точно богатите луѓе прават за да бидат уште побогати, објаснува тој.
7. Не дозволуваат проблемите да ги исфрлат од рамнотежа
– Тајната на успехот не е избегнување, исчезнување или намалување на вашите проблеми, тајната е да бидете поголеми отколку кој било проблем.
Патот до богатството е полн со замки токму поради тоа.
– Повеќето луѓе се плашат да тргнат по тој пат. Тие не сакаат невољи, главоболки и одговорност. Накратко, не сакаат проблеми – вели Ерек и додава дела трикот е наместо на проблемите да се фокусирате на целите.
8. Фокусирање на својата нето вредност
– Вистинската мерка за богатство е нето вредноста, а не приходот, вели Екер.
Според неговите зборови, нето вредноста е финансиската вредност на се` што поседувате.
9. Плаќање на основа на резултатот
Нема ништо лошо во тоа да имате постојана плата, освен ако не ви ја попречува вашата способност да го заработите она што сте го заслужиле. Во тоа е целата поента, објаснува Екер.
Тој додава дека најбогатите луѓе никогаш немаат „горна граница на своите приходи“, ниту одлучуваат да бидат платени за своето време.
– Богатите луѓе сакаат да бидат платени на основа на резултатите. Богатите луѓе обично поседуваат сопствен бизнис во некаков облик. Тие работат на провизија или процент од приходите. Често бираат акции наместо поголема плата, пишува тој.
10. Управување со парите
– Богатите луѓе не се попаметни од сиромашните. Само имаат различни начини на размислување и поинакви навики, пишува Екер.
Според неговите зборови, најголемата разлика помеѓу финансиски успех и финансиски неуспех е колку добро управувате со своите пари. За да имате пари, прво мора да ги совладате парите и да управувате со нив, нагласува тој.
Просечните луѓе избираат да не управуваат со своите пари затоа што веруваат дека немаат доволно како би управувале со нив.
11. Константно усовршување
Најбогатите учат како да бидат успешни од оние кои се побогати и поуспешни од нив. Потоа, тие продолжуваат да учат повеќе и повеќе.
– Секој мајстор некогаш бил почетник, вели Екер и додава.
– Никој не се раѓа како финансиски гениј. Секој богат човек научил како да биде успешен во играта на пари, а можеш и ти… Успехот е вештина која се учи, заклучува Екер.