Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Од автомобилите не остана ништо – Двајца загинаа во страшната сообраќајка вечерва во Скопје

фото: Centar.mk

На скопската улица „Првомајска“ вечерва се случи страотна сообраќајна несреќа, во која животот го загубија две лица.

Според информациите од терен, несреќата се случила во близина на салонот за мебел на „Мебел-Ви“ во правец накај населбата Драчево, а во неа учествувале два автомобила кои претрпеле огромна штета.

Во несреќата загинале две помлади машки лица, кои, според зборовите на очевидци, биле починати и пред да пристигнат екипите на брзата помош./ Mak fax