Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Младиот Пинето Секондо бил убиен – Полицијата го расчисти убиството

На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM, дознава Centar.mk

Имено, како штo дознава Centar.mk се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје.

На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења. По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица , роднини на првопријавениот. Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис. На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје, дознава Centar.mk.

Можеби ќе ве интересира

Денес внимавај што правиш: Верувањето за Свети Игнатиј што многумина го почитуваат

ДЕСК

Пуштен во сообраќај патниот правец Струга – “Ќафасан”

ДЕСК

ИТА ЦИКЛОН КОН МАКЕДОНИЈА: Снег ќе “трупа” низ повисоките населени места, студот попушта – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК