Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Потона туристички брод во Будимпешта – има мртви

Тројца луѓе загинаа, а 16 се водат како исчезнати, откако брод за крстарење вечерва се преврте и потона во реката Дунав во Будимпешта, објави унгарската национална телевизија, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи.

Телевизијата М1 објави дека 15 луѓе биле спасени по несреќата во близина на познатата зграда на Парламентот во центарот на унгарската престолнина по судирот со друг брод.

Нуркачи трагаат по исчезнатите, но силниот дожд во изминатите недели го зголеми нивото на реката со што е отежната потрагата.

На бродот имало 32 патници и двајца членови на екипажот. Државната новинска агенција МТИ објави дека поголемиот дел од патниците биле азиски туристи.

Властите забранија пристап до местото на несреќата, а на брегот има бројни спасувачки возила.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК