11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заедничка изјава на државниот секретар во МНР на Република Северна Македонија и генералниот секретар за меѓународни економски односи во МНР на Грција

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Виктор Димовски, и Генералниот секретар за меѓународни економски односи во Министерството за надворешни работи на Грција, Јоанис Брахос, денеска во Солун остварија средба.

Иницирајќи ја Меѓународната група на експерти меѓу Република Северна Македонија и Грција за имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитните знаци, донесовме заклучок и ги поставивме политичките основи за одржување на првата пленарна седница на Групата во јуни о.г. Во тој контекст, беа потпишани и упатени писма до Заводот за интелектуална сопственост на Европската Унија (ЕУИПО) и Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС) со кои истите беа поканети да номинираат експерти кои ќе ја советуваат Меѓународната група на ад-хок основа.

Ваквиот цврст чекор кој е неразделно поврзан со институционализираниот дијалог меѓу деловните заедници на нашите две земји претставува опиплив доказ за нашата целосна посветеност на Преспанскиот договор, како и за нашите продолжени напори во насока на продлабочување на соработката во интерес како на развојот на билатералните односи, така и на регионот во целост.

Спонзорирано: