13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Во Прилеп по вторпат ќе се одржи манифестацијата „Европски ноќи на музеите“

Во организација на НУ „Завод и музеј“ од Прилеп, а по повод Денот на музеите, на 18 мај, в сабота, од 18:00 до недела во 6:00 часот, прилепчани и сите љубители на археолошката уметност ќе имаат можност да ги посетат вредностите сместени во шесте прилепски музеи.

Преку оваа активност граѓаните ќе може да се запознаат со богатото културно наследство, вредности и артефактите.

„Со активностите започнуваме в сабота навечер, со почеток во 18.00 часот, кога ќе ги отвараме сите постојани поставки, па до раните утрински часови, поточно до 6:00 часот в недела. Овој настан е по повод Денот на музеите, а преку него сакаме да го доближиме културното наследство до граѓаните и пошироката јавност“, изјави Благоја Атанасоски, директор на Завод и музеј во Прилеп.

Прилеп располага со извонредни поставки коишто се изложени во пет музеи во градот: Галеријата на икони, Музејот на археолошки артефакти, Меморијалниот музеј – 11 Октомври, Спомен-куќата на Кузман Јосифоски-Питу, Музејот на тутун, а наредната недела свечено ќе биде отворен и Лапидариумот, кој и во саботата ќе биде достапен за посетителите.

Покрај бизнис-секторот, учениците во основните и средните училишта, свое присуство потврди и градоначалникот Илија Јованоски.

Спонзорирано: