Centar.mk
ЛОКАЛНОСПОРТ

Шаховска симултанка на Кутиров во Кисела Вода

Нашиот познат шаховски велемајстор Роландо Кутиров, утре ќе биде гостин на општината Кисела Вода и ќе одигра симултанка на 21 табла со учесниците на „Шаховската лига на Кисела Вода 2019“. Настанот ќе се случи во салата на УЗ 11-ти Октомври (згради) со почеток во 11:30 часот и ќе биде отворен за сите љубители на шахот.

Предизвикот за нашиот велемајстор Кутиров ќе биде уште поголем, ако се знае, дека, неговите противници ќе бидат селектирани од осумте екипи кои годинава земаа учество во шаховската лига „Кисела Вода 2019“.

Инаку, лигата чиј покровител е градоначалникот Филип Темелковски, завршува утре со одигрувањето на последното 14-тото коло кое започнува во 10:30 часот.

Можеби ќе ве интересира

Јавниот превоз повторно чека: Електричните автобуси заглавени во процедури

ДЕСК

Канада го пречекува светот: ФИФА Светско првенство 2026

ДЕСК

Герасимовски: Грижата за најмладите е најблагородна мисија, наградени 12 вработени во градинките во Центар

ДЕСК