Centar.mk
ЛОКАЛНОСПОРТ

Шампионска игра на Карпош во одбојка во Кисела Вода

Одбојкарките на oпштина Карпош се нови шампионки на ,,Купот Св Ѓорѓи“. Во финалниот натпревар избраничките на проф. Александра Николовска беа посупешни од своите врснички од oпштина Гази Баба, со резултат од 2:0. Со идентичен резултат заврши и средбата меѓу екипите на Центар и Кисела Вода.

Овде гледавме динамичен и неизвесен натпревар, каде одбојкарките на oпштината Центар беа поуспешни особено во финишот на двата сета, притоа освојувајќи го третото место.

Пехарите и дипломите на најуспешните, ги додели претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ. Со завршувањето на одбојкарскиот турнир, практично заврши годинешното издание на ,,Купот Св Ѓорѓи“, кој изобилуваше со ревија на спортски таленти во футсал, кошарка и одбојка, од општините Кисела Вода, Карпош, Центар и Гази Баба.

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК