22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски: На 5 мај да избереме претседател чија единствена агенда се државата и народот

На 5 мај да излеземе и да го избереме идниот претседател на државата на кој прва и последна задача е да работи за својот народ, да работи за сите, претседател кој нема друга агенда освен државата, граѓаните и подобро утро.

Ваква порака вечерва испратија кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски и потпретседателската на СДСМ и вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на трибина организирана во скопската општина Аеродром.

Пендаровски на присутните им порача дека овде во Аеродром мора да победат во вториот круг. Вели дека очекува во вториот круг десетпати поголема разлика отколку во првиот круг.

-Мора да го заокружите бројот три, затоа што тоа е единствениот начин да се приклучиме на ЕУ, другото е враќање назад. Гласањето за Гордана е гласање за Иванов. Со гласањето на бројот три гласате да добиеме претседал од кој нема да се срамите, и на кој прва и последна задача ќе му биде да работи за својот народ, а не за фамилијата, да работи дури и за опозицијата и за оние што не го гласале, да работи за сите. Претседателот мора да биде претседател на сите, не како овој до сега само на фамилијата, потенцира Пендаровски и додаде дека секоја друга варијанта нема да ни донесе не само демократија, туку нема да ни донесе ни економски развој, но ни придвижување кон евроинтеграциите.

Посочувајќи дека знаат зошто голем дел од граѓаните не излегоа порача дека сега треба да излезат заради државата, бидејќи во спротивно ја враќаме диктатурата и режимот на фамилијата.

-Да не дадеме шанса на кандидатите кои на далечинска контрола ги раководат од „белата палата“ или од Будимпешта, да не им дадаеме шанса да се врати во живот недемократското и недомаќинско живеење. На 5 мај да покажаеме дека оваа држава продолжува напред. Сите ние како граѓани, сите ние како поддржувачи на нашата европска иднина да избереме претседател и да ставиме точка на безнадежноста, посочи Шекеринска на трибината.

Таа, како што рече, ја пренесе добрата вест од Берлин, каде премиерот Заев имаше средба со Меркел, а ќе има и со Макрон, а тоа е дека Северна Македонија е исклучок на Западен Балкан, земја која има реформска влада, земја која покажа дека знае да ги решава и најтешките прашања, земја која заслужува да ги почне преговорите.

-Оваа година ќе станеме членка на НАТО. Оваа година ќе ги почнеме преговараме за членство во ЕУ и тоа ќе ни донесе инвестиции и подобри институции, ама почитувани граѓани, оваа година со избран претседател и Влада која ги чула пораките и претседател и Влада која турка во ист правец, иста цел, исти интереси, ви гарантирам дека промените ќе бидат видливи, рече Шекеринска.

Порача дека земјата сакаме да ја видиме стабилна, просперитетна, во која животот ќе биде подобар, а за тоа ни треба човек кој нема никаква друга агенда освен нашата држва, нашите граѓани, нашето добро утро.

Пендаровски во одговор на прашања од присутните на трибината вети дека како претседател уште на 13 мај ќе ги потпише сите закони што се во интерес на граѓаните, а кои не ги потпиша Иванов и оти во амбасадите ќе испраќа кадри кои ќе имаат знаење, а не само партиска книшка.