Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Голема промена на времето: Циклонот носи силен дожд и град низ Македонија – детална четиридневна прогноза

Од денес (вторник) следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на град. Утринските температури ќе бидат во опаѓање. За време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето.

Прогноза за 17.04.2019
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 14°С до 20°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне нестабилно, особено во западните и југозападните делови со локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 18.04.2019
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Променливо облачно со сончеви периоди. На места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на град.

Прогноза за 19.04.2019
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 15°C до 21°C
Умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК