5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Виадукт трејд известува дека од 15.04.2019 до 17.04.2019 ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А1, делница Куманово – ГП Табановце (Клучка Бумеранг) за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

ВАЖНО: Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од Гранит известуваат дека поради рехабилитација на делница Јурумлери-Драчево и делницата Драчево-Орешани-Таор, од 15.04.2019 година се воспотавува времен режим на сообраќај на регионалните патишта Р1106 и Р2131. Времената измена на режимот на сообраќај на наведенате делници предвидува, работа под сообраќај како и повремено запирање на сообраќајот за време на изведување на асфалтерски работи.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКО ЗАТВОРАЊЕ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (Отешево – Трпејца, преку национален парк Галичица) од 15.11.2018 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”.Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.

СОСТОЈБА – СКОПЈЕ: ЦУКС ги известува сите учесници во сообраќајот дека во овој период од денот, поголема фреквенција на возила се забележува долж;

-бул. Митрополит Теодосиј Гологанов кон Центар,
-бул. Киро Глигоров кон населба Автокоманда,
-мост Гоце Делчев кон бул. Илинден и обратно,
-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул. Мајка Тереза,
-бул.К.Ј.Питу кон Центар,
-ул. 11 Октомври во двете насоки на движење.

Спонзорирано: