13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стево Пендаровски ја започна изборната кампања со промоција на видео спот за песната „Сите едно пееме“

Со промоција на песна и видео спот, Пендаровски ја започна изборната кампања денеска заедничкиот кандидат за претседател на 30 политички субјекти, Стево Пендаровски.

Веќе од утрово, спотот може да се види на сите официјални канали на Стево Пендаровски на социјалните мрежи.
Автор на музиката, текстот и аранжманот е Дуке Бојаџиев, а во изведбата се појавуваат двајцата Битолчани, Крсте Роџевски – вокал и Исмаил Лумановски – кларинет, кои како и Бојаџиев, долги години живеат и работат во Њујорк.
Стиховите на песната се инспиративни и мотивирачки со повик за заедништво и соживот, како единствен начин да изградиме иднина каква што заслужува нашата држава.

Видео спотот изобилува со кадри од убавините на Македонија, планински врвови, реки и единственото македонско зајдисонце, Охридското езеро, револуционерното Крушево, старата скопска чаршија и традициите кои се уште живеат во неа, хероите на македонскиот спорт и уште многу други.

На крајот, Пендаровски им се обраќа на граѓаните, потстетувајќи дека патот што до сега го изодевме беше долг и тежок, но и дека само обединети во една заедничка цел, можеме да продолжиме напред и да изградиме држава во која сите ќе сакаме да живееме. Пендаровски завршува со пораката: „Затоа што заслужуваме модерна, Европска држава“ на што и ја темели својата изборна програма.

Видео спотот за песната „Сите едно пееме“ можете да го погледнете на YouTube каналот на Стево Пендаровски и на сите канали на Стево Пендаровски на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.