Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјани се советуваат како правилно и совесно да постапуваат со отпадот

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје соопшти дека секојдневно се соочува со појавата на несовесно одлагање на кабастиот и градежниот отпад од страна на граѓаните. Оттаму велат дека и покрај бројните интервенции од страна на нивните екипи, многу локации во градот Скопје претставуваат црни точки на коишто постојано се создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина.

Еко-патролата и Службата за едукација при ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, деновиве спроведоа едукативна акција во општината Аеродром, со цел да им укажат на Скопјани како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад.

Граѓаните беа едуцирани дека, според Законот за јавна чистота, градежниот и кабастиот отпад не смеат да го одлагаат на јавни површини ниту во контејнерите, а беа информирани и за можноста електронската, електричната опрема и застарениот мебел бесплатно да го депонираат во центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК