Centar.mk
БИЗНИС

Министерството за финансии најави интензивирање на финансиската едукација

Министерството за финансии најави интензивирање на кампањата за финансиска едукација во следниот период.

Финансиската писменост и познавањето на финансиските услуги и производи, според министерот Драган Тевдовски е предуслов за носење правилни финансиски и инвестициски одлуки.

Од Министерството за финансии информираат дека училиштата и факултетите можат да закажат посета и предавања за финансиска едукација преку е-мејл адресата edukacija@finance.gov.mk.

Во рамки на Глобалната недела на парите, Министерството за финансии има организирано повеќе посети и предавања на основни и средни училишта. Тевдовски вчера одржа предавање во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а следната недела ќе биде и на Универзитетот во Штип.

Можеби ќе ве интересира

Кинески пари на европските улици: Запленети 1,2 милијарди лажни евра

C +

Народна банка: Просечната стапка на инфлација за 2025 година изнесува 4,1%

C +

СДСМ: Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на 600 евра

C +